Фудбалерот на Јувентус, Андреа Пирло признал дека за него остварување на сонот би било кога со „Старата Дама“ ја освои Лигата на шампионите.
„Бјанконерите“ во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите ја совладаа екипата на Селтик во Глазгов со 3:0 и веќе се гледаат во следната фаза од ова натпреварување.
„Нашата цел оваа сезона е Серија А, додека Лигата на шампионите останува наш сон. Со секој натпревар сме се поблиску до ова остварување“- изјави Пирло.
Потоа тој се осврнал на натпреварот меѓу „неговиот“ Милан и екипата на Барселона кој на програмата е во среда во најелитното натпреварување.
„Тоа ќе биде извонреден меч, се надевам дека Милан ќе направи добар резултат пред реваншот“, заврши Пирло.