Солскјер убеден: Де Хеа ќе потпише нов договор

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изрази уверување дека голманот на тимот, Давид де Хеа ќе потпише нов договор со клубот. Актуелниот договор на шпанскиот голман истекува на крајот на оваа сезона, но според Солскјер, Де Геа ќе продолжи да го носи дресот на „црвените ѓаволи“ и после тоа.

– Сигурен сум дека сè ќе биде добро. Тој не ми рече ништо друго освен дека го сака овој клуб и сака да остане тука. Неговото време тука е фантастично. Јас не учествувам во преговорите меѓу клубот и Давид, но се надевам дека сè ќе заврши наскоро. Тој гледа што се обидуваме да го изградиме овде. Ние ги сакаме најдобрите играчи, а оние што сакаме да ги задржиме обично остануваат. Уверен сум дека ќе можеме да го убедиме Давид дека неговата иднина е тука и дека ќе биде успешна, прокоментира Солскјер.

Норвешкиот стратег рече дека располага со добри заменици на Де Хеа во случај Шпанецот сепак да го напушти „Олд Трафорд“.

– Имам двајца многу добри резервни голмани тука – Ли Грант и Серхио Ромеро, како и Дин Хендерсон, кој игра за Шефилд Јунајтед. Имаме добра длабочина на голманската позиција, рече тренерот на Јунајтед.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска