Солскјер: Требаше да победиме со поголема разлика

Од:

Победа во дербито со Манчестер Сити (2:1) донесе многу радост на Оле Гунар Солскјер, кој е критикуван постојано уште од почетокот на сезоната. Сепак, Манчестер Јунајтед уште еднаш покажа дека се силни против екипите во врвот на пласманот. Според норвешкиот стратег, неговиот тим дури и заслужил да победи поубедливо.

– Ќе го паметиме овој натпревар. Бевме опасни кога ја поседувавме топката и тргнувавме напред против можеби најсилниот тим на светот. Сити е навистина одличен тим. Не е лесно да се постигне таков резултат и да се браниш против нив толку добро, како што направивме ние. Требаше да победиме со два, три, па дури и четири гола разлика, но нивниот голман беше брилијантен, рече Солскјер.

Со 24 поени, Јунајтед сега се наоѓа на петтото место во пласманот. „Црвените ѓаволи“ веќе го поразија вториот Лестер, третиот Ман Сити, четвртиот Челзи и шестиот Тотенхем, а покрај тоа, тие се единствените кои не загубија од лидерот Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска