Солскјер: Младите во Јунајтед ќе добијат шанса другата сезона

Од:

Младите играчи во Манчестер Јунајтед ќе можат да покажат на што се способни во следната сезона, изјави менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Мејсон Гринвуд дебитираше во последната рунда од Премиер Лигата, а Норвежанецот ги држи под око и Тахит Чонг, Анхел Гомез и Џејмс Гарнер, кои исто така запишаа учество првиот тим.

– Можам да кажам дека би било убаво тие да поминат цела сезона под кирија и редовно да играат, но можеби најдоброто место за овие момци е тука и да тренираат со најдобрите во светот, рече Солскејер.

Против Кардиф, 17-годишниот Гринвуд стана најмладиот играч на Јунајтед, кој стартува во меч од Премиер Лигата и, според тренерот, тој ќе ја добие целосната поддршка од навивачите.

– Играчите знаат дека ова е запишано во нашата историја и традиции. Тие ќе добијат шанса и поддржувачите ќе покажат дека се зад нив. Со тоа, сепак, доаѓаат и очекувања, но младите играчи се важни за нас и ние треба да се грижиме за нив правилно, рече Солскјер.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска