Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, попладнево гостува во Белград кај Партизан во меч од 12.коло на регионалната АБА лига. Во ситуација во која двете екипи се во лоша резултатска низа, а со нови тренери на клупите, шансите за победа и се подеднакви, особено ако се земе и в предвид победата на МЗТ во првиот дуел одигран на стартот на сезоната во Скопје.
– Немавме среќа да победиме против Морнар, но покажавме голема желба и позитивна енергија кои ако ги повториме во Белград сигурно ќе дојдеме до можност да го изненадиме противникот. Партизан е тим кој секога мора да се респектира, но кој има слаби точки кои ќе пробаме да ги искористиме. Добро трениравме деновиве и ако се држиме до планот во соблекувална верувам дека ќе одиграме добар натпревар, изјави Дарко Соколов.