Службен пораз за Металург и парична казна

Од:

Челните луѓе на регионалната СЕХА лига одлучија неодиграниот меч од првото коло меѓу Татран и македонскиот шампион Металург, да го регистрираат со службен резултат од 10-0 за Словаците, а тимот од Автокоманда ќе треба да плати и парична казна од 2.000 евра. Комесарот на лигата Марјан Начевски парична казна од 100 евра му одреди и на Татран за ненавременото известување на противникот за терминот на мечот.

Металург, кој има право на жалба на оваа одлука, не отпатува за Словачка за дуелот од првото коло во новата сезона со образложение дека доцна биле известени за терминот и немале доволно време да го организираат патувањето, односно да обезбедат авионски билети за целиот тим.

Металург вечерва (18 ч.) во Автокоманда го пречекува хрватскиот вицепрвак Нексе во рамките на третото коло од СЕХА лигата. Се очекува стратегот Лино Червар шанса да им даде на помладите играчи бидејќи в сабота (18 ч.) македонскиот шампион го пречекува Горење во рамките на второто коло од Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ