Словенија и Шпанија ја продолжија серијата победи на Европското првенство

Од:

Кошаркарските репрезентации на Словенија и на Шпанија се две единствени кои имаат максимален учинок по 4.коло на Европското првенство. На денеска одиграните дуели во дербито на групата Ц во Клуж, Шпанија и го нанесе првиот пораз на Хрватска, додека Словенија ја оправда фавористката улога против Исланд.

Првиот пораз на Евробаскетот го запиша Русија, која загуби од Летонија.

Резултати по групи од 4.коло:
Група А: Исланд – Словенија 75:102, Полска – Франција 75:78. Грција – Финска играат вечерва.
Табела: Словенија 4-0 (победи-порази), Франција 3-1, Финска 2-1, Полска 1-3, Грција 1-2, Исланд 0-4.
Група Б: Украина – Литванија 62:94, Италија – Германија 55:61. Израел – Грузија играат вечерва.
Табела: Литванија 3-1, Германија 3-1, Италија 2-2, Грузија 1-2, Украина 1-3, Израел 1-2.
Група Ц: Чешка – Црна Гора 75:88, Хрватска – Шпанија 73:79. Романија – Унгарија играат вечерва.
Табела: Шпанија 4-0, Хрватска 3-1, Црна Гора 2-2, Унгарија 1-2, Чешка 1-3, Романија 0-3.
Група Д: Русија – Летонија 69:84, Велика Британија – Србија 68:82. Турција – Белгија играат вечерва.

Табела: Русија 3-1, Летонија 3-1, Србија 3-1, Турција 1-2, Белгија 1-2, Велика Британија 0-4.

Би можело да ве интересира

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!

Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Ниту Јокиќ не е доволен – Италијанците ги „нокаутираа“ првите фаворити Србија!

Црногорците преку Грузија со осминафинален билет на Евробаскет

Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осминафиналето на Евробаскет

Заврши Евробаскетот за Адам Ханга