Словенија ја победи Летонија со 103:97 синоќа во Истанбул и се пласира меѓу четирите најдобри репрезентации на Европското првенство во кошарка. Најзаслужни за големиот успех на словенечката кошарка беше тандемот Дончич – Драгич.
18-годишниот Дончич натпреварот во „Синан Ердем“ арена го заврши со 27 поени и девет скока, додека Горан Драгич реализира 26 поени, осум асистенции и шест скока.
Најефикасен играч беше Кристапс Порѕингис со 34 поени, но и тоа се покажа како недоволно Летонците да го избегнат поразот.
За Словенија ова е второ полуфинале на Европските првенство, прво по 2009 година кога во Полска шампионатот го завршија на 4. место.
Словенија и Шпанија остануваат единствените две непоразени селекции на ЕП, а токму овие селекции ќе играат меѓусебно во првото полуфинале утревечер од 20 часот и 30 минути.
Денес на распоредот се преостанатите две четвртфиналиња:
17:45 часот Русија – Грција и
20:30 часот Србија – Италија.