Слаба ефикасност во Премиер лигата

Од:

На петте одиграни натпревари од 3.коло од Премиер лигата попладнево беа постигнати само пет голови.

Без гол заврши дуелот меѓу Кардиф и Евертон – 0:0, а два гола видоа навивачите на „Етихад“ стадионот во Манчестер каде Манчестер Сити со 2:0 го победи Хал. На другите дуели имаше по еден гол: Њукасл – Фулам 1:0, Норвич – Саутемптон 1:0 и Вест Хем – Стоук 0:1.

Дуелот Кристал Палас и Сандерленд почнува во 18:30 часот.

Дербито на колото се игра утре од 14:30 часот на „Енфилд“ во Ливерпул, играат Ливерпул и Манчестер Јунајтед двата најтрофејни тима во Англија.

Во истиот термин играат ВБА и Свонси, а од 17 часот е дуелот Арсенал – Тотенхем.
Челзи – Астон Вила 2:1 овој натпревар се одигра порано.

Табела: Челзи 7 бодови, Ливерпул 6, Тотенхем 6, Манчестер Сити 6, Стоук 6,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска