Скубе: Среќен сум што ќе бидам дел од голем тим

Од:

Најновото засилување на Вардар, словенечкиот ракометар Сташ Скубе и официјално се обврза на тригодишна соработка со „црвено-црните“.

– Вардар го избрав затоа што е еден од најдобрите екипи во Европа. Среќен сум што ќе бидам дел од голем тим. Очекувам многу, значи дека ќе се обидеме да стигнеме до самата завршница во сите натпреварувања. Мислам дека ќе бидеме добра екипа, и едвај чекај се да почне, изјави Скубе за клупскиот сајт на РК Вардар.

Скубе доаѓа во Скопје како актуелен првак на Унгарија. Тој беше еден од клучните играчи на ПИК Сегед во освојувањето на шампионската титула на клубот во Унгарија запирајќи ја доминацијата на Веспрем.

Македонскиот шампион ќе биде втор клуб во неговата интернационална кариера. Пред ПИК три сезони беше играч на Горење Велење. Потекнува од ракометната школа на Требње каде дебитираше во 2000 година со 16 години.

Со репрезентацијата на Словенија, Скубе го освои бронзениот медал на СП за играчи до 21 година во 2009 година. За сениорската репрезентација на Словенија има одиграно 17 натпревари и постигнато 32 гола.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска