Скот второ коло по ред во идеалната петорка на АБА лигата

Од:

Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Џош Скот второ коло по ред си обезбеди место во идеалните пет од регионалното натпреварување.

Американецот во неделата во победата над Олимпија имаше значаен придонес со дабл-дабл ефект од 18 поени и 11 скока од кои седум офанзивни, за 22 минути игра. Со овој учинок тој заработи 27 индексни поени.

За МВП (најкорисен играч) во осмата рунда прогласен е Џејмс Шоун од Бундуќност со 39 индексни поени.

Во ТОП 5 уште се: Анте Жижиќ (Цибона) со 32 инд. поени, Карло Жганец (Цедевита) 30 и Филип Човиќ (ФМП) 29 инд. поени.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска