Сколс стравува за судбината на Манчестер Јунајтед

Од:

Трофејниот играч на Манчестер Јунајтед Пол Сколс стравува за судбината на „неговиот“ клуб откако на стартот од новата сезона беше изненаден и загуби од Свонси (2:1) на домашен терен. По заминувањето од клупата на Сер Алекс Фергусон, Манчестер Јунајтед ланската сезона ја заврши на седмото место и остана без настап во еврокуповите.

– Се плашам за Јунајтед. Лошо ќе биде ако ја доживее судбината на Ливерпул од 90-те години, напиша Сколс во колумната за „Индепендент“.

Во овој преоден рок „црвените ѓаволи“ потрошија близу 100 милиони евра за три засилувања (Лук Шо, Андер Ерера и Маркос Рохо). Сколс притоа потенцира дека на тимот му се потребни пет играчи за да се стабилизира состојбата во тимот.

Манчестер Јунајтед во новата сезона стартуваше со нов менаџер Луј Ван Гал, но и тој почна со пораз.

Сколс за Јунајтед одигра 499 натпревари и постигна 107 голови.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска