Скола дебитира за Олимпија во четврток во Евролигата

Од:

Луис Скола веќе е пријавен за настап во Евролигата и ќе дебитира за Олимпија (Милано) овој четврток.

Тогаш Италијанците одат на посета кај Баерн Минхен во воведното коло од турнирот за сезоната 2019/2020. Аргентинската легенда се враќа во Европа по пауза од повеќе од 10 години, а во Милано избра да го носи бројот 40.

Триесет и девет годишниот ветеран досега играше само за ТАУ Керамика во најсилното кошаркарско клупско натпреварување на континентот.

За 144 меча со баскискиот тим, тој во просек постигнуваше по 14,3 поени, 5,6 скока, 1,7 асистенции, 1,2 украдени топки.

Би можело да ве интересира

Евролигата ги објави кандидатите за МВП титулата: Реал има еден претставник

Предраг Петровиќ

Нандо Де Коло избран во Тимот на деценијата во Евролигата

А1он

Италијанец ѝ помогна на ЦСКА да ги победи „манекените“ од Милано

Евролигашки рекорд на Ларкин, даде неверојатни 49 поени за 31 минута

Армани Милано ќе го повлече бројот 11 во чест на Дино Менегин