Екипата на Манчестер Сити наводно понудила 40 милиони евра за напаѓачот на Милан, Стефан Ел Шарави.
Според наводите на Газета дело Спорт, Сити пратил понуда вредна 40 милиони евра за Ел Шарави, па сега се очекува одговор на тимот на Сан Сиро за оваа понуда.
Милан наводно би можел да ја прифати оваа понуда, па 20-годишниот Италијанец со египетско потекло би можел од наредната сезона да го носи дресот на вицепрвакот на Англија.
Во претходната сезона Ел Шарави одигра на вистина одлично за Росонерите и на 37 натпревари постигна 16 голови.