Англискиот фудбалски шампион Манчестер Јунајтед има намера во летниот преоден рок да го продаде Един Џеко и да обезбеди дел од 52 милиони фунти кои планира да ги потроши за доведување на Едисон Кавани, пишуваат медиумите во Англија.
Кавани веќе подолго време е цел на Манчестер Сити. Уругваецот е играч на Наполи, тим кој во моментов се наоѓа на втората позиција на табелата во Серија А.
Меѓу најзаслужните за ваквиот пласман на Наполи е токму напаѓачот Кавани кој со 18 постигнати голови е најдобар стрелец во Италијанското фудбалско првенство по 24.одиграни кола.