Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва одржа говор пред Конгресот, а дел од неговото обраќање беше посветен на царините што ги воведе за Кина, Канада и Мексико, како и новите царини што ќе ги воведе за „пријателите и непријателите“ почнувајќи од април.

Вчера Трамп со извршна наредба ги удвои царините за кинескиот увоз од десет на 20 отсто, што веднаш предизвика одмазда од Пекинг.

Белата куќа го оправдува зголемувањето на царинските стапки наведувајќи го проблемот со континуираниот шверц на фентанил од кинеско производство во САД.

Во моментот кога говорот на Доналд Трамп беше при крај, кинеската амбасада во Вашингтон објави објава на социјалните мрежи.

„Ако САД сакаат војна, без разлика дали тоа е царинска, трговска или каков било друг вид војна, ние сме подготвени да се бориме до крај“, се вели во соопштението на кинеската амбасада во Вашингтон.

Во твитот е приложена целосната изјава на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи во која се наоѓа таа реченица.

– Прашањето со фентанил е слаб изговор за зголемување на американските царини за кинескиот увоз. Нашите контрамерки за одбрана на нашите права и интереси се сосема легитимни и неопходни. САД, а не кој било друг, се одговорни за кризата со фентанил во сопствената земја. Во духот на хуманоста и добрата волја кон американскиот народ, презедовме конкретни и силни чекори за да им помогнеме на САД да го решат овој проблем. Наместо да ги признаат нашите напори, САД се обидоа да ја оцрнат Кина, да ја префрлат вината и да извршат притисок, како и да ја уценат Кина со зголемување на царините. Не казнија што им помагавме. Ова нема да го реши американскиот проблем и само ќе го поткопа дијалогот и соработката во борбата против трговијата со дрога. Не се плашиме од закани. Нема да попуштиме на притисоци и уцени. Притисокот, принудата или заканите не се вистинскиот начин за справување со Кина. Кој мисли дека може да ја скрши Кина со максимален притисок, избира погрешен противник и прави сериозна грешка во расудувањето. Ако САД навистина сакаат да го решат проблемот со фентанил, вистинскиот пат е да соработуваат со Кина врз основа на меѓусебно почитување и еднаквост. „Ако САД сакаат војна, без разлика дали тоа е царинска, трговска или каков било друг вид војна, ние сме подготвени да се бориме до крај“, се вели во соопштението на кинеското Министерство.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Трамп се закани поради протекувањето воени тајни: „Треба да бидат стрелани“

Американските сили уништија ирански брод во Оманскиот Залив

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски