Сити без Дијаш во клучниот дел од сезоната

Од:

Манчестер сити ќе биде без Рубен Дијаш во еден од најважните периоди од сезоната. Според извештаите од Англија, 25. годишниот стопер се здобил со повреда на колкот на натпреварите на Португалија на Светското првенство во Катар.

Дијаш за прв пат почувствувал болка во осминафиналето со Швајцарија, но неколку дена подоцна го одигра целиот натпревар против Мароко, кога Португалија доживеа елиминација од Мундијалот.

На тој натпрревар се влошила повредата на Дијаш. Најдобриот играч во Премиер лигата во 2021 година, ќе биде надвор од терените најмалку до февруари.

Ова значи дека Пеп Гвардиола нема да може да смета на својот подобар дефанзивец на клучните натпревари со Манчестер јунајтед и Челзи.

Сепак, Шпанецот има доволно играчи на таа позиција, па Ајмерик Лапорте, Џон Стоунс, Нејтан Аке и Мануел Аканџи беа на теренот во различни периоди од натпреварот против Ливерпул во четвртокот.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Гвардиола откри што ќе направи доколку Манчестер Сити биде исфрлен од лигата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бизарна снимка на Етихад, ѕвездата на Сити остана без заб

Предраг Петровиќ

Вулверхемптон денеска на домашен терен го победи Манчестер Сити

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Марез официјално во Ал Ахли

Белгиецот ќе го пропушти почетокот на новата сезона

Предраг Петровиќ