Фудбалските репрезентации на Сирија и на Австралија денеска одиграа нерешено 1:1 на првиот бараж дуел од азиската зона од квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија 2018.
Натпреварот се одигра на неутрален терен во Малезија, поради војната во Сирија.
Австралија поведе со голот на Роби Краус во 40. минута, а изедначи Омар Ал Сома во 85. минута од пенал.
Реванш дуелот се игра на 10 октомври во Сиднеј.
Победникот од овој бараж дуел ќе игра уште еден бараж со четвртопласираната селекција од КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка) за пласман на Мундијалот.