„Силверстоун“ блиску до договор да остане во Ф1 календарот

Од:

Раководството на Ф1 е блиску до завршувањето на договорот за одржување на Гран-при на Велика Британија на легендарната патека „Силверстоун“. Се помала е загриженоста дека трката може да се премести на друго место по 2019 година, бидејќи сопствениците на патеката побарале раскинување на договорот. Се наведуваат финансиски причини поради тоа што трговските права во Формула 1 стануваат сé поскапи од година во година.

Силверстоун е поранешен воен аеродром во Втората светска војна, каде што се одржа првата Гран-при во историјата во 1950 година. Извршниот директор на „Либерти Медија“, Чејс Кери, е подготвен да го задржи „историското наследство на Ф1“. Покрај тоа, практично оваа патека е „домашна“ за многу тимови во шампионатот.

Во моментов постои зближување на позициите, што се однесува до преговорите за пари. Сопствениците на Ф1 се склони за такса од 18 милиони фунти годишно, додека раководството на „Силверстоун нуди“ сума од 15 милиони.

Ако преговорите пропаднат како последно средство, можно е ГП на Велика Британија да се пресели на улиците на Лондон.

Би можело да ве интересира

Зарко со рекорд до пол-позиција во Силверстоун, Еспархаро од носилки на шестото место

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска