Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Од:

Поранешниот извршен директор на Формула 1, Берни Еклстоун, модерните пилоти ги гледа како роботи кои не можат да се споредат со светскиот шампион од 2007 година Кими Раиконен, кој се пензионираше минатата година.

– Како личност, Кими е само одлично момче. И како тркач … тој е вистински тркач! Такви луѓе се потребни. Тој брка и не се грижи многу за мислењата на другите луѓе. Наместо тоа, тој им го дава своето мислење. Денес има малку луѓе како Кими, всушност нема. И тоа е проблемот. Сите станаа како роботи: слушаат и прават што им се кажува, а не постапуваат како што им одговара, потенцира Еклстоун.

Кими Раиконен е последниот возач кој на Ферари му ја донесе шампионката титула. Тој на Формула 1 патеки беше 19 сезони. Поради неговиот карактер го доби прекарот „Ајсмен“.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона