Силва сака да продолжи да игра во Европа

Од:

Капитенот на Пари Сен Жермен, Тијаго Силва призна дека се уште сака да игра за европски клуб. Скоро е сигурно дека 35-годишниот дефанзивец на францускиот шампион ќе го напушти тимот како слободен агент по крајот на сезоната. Се верува дека тој може да се врати во некој од неговите поранешни екипи – Флуминенсе или Милан.

– Секој знае за мојата приврзаност кон Флуминенсе. Јас страдав од туберкулоза и тие ми ги отворија вратите. Јас секогаш ќе им бидам благодарен за тоа, но сепак имам цели да ги постигнам во Европа. Се надевам дека ќе ги постигнам што е можно поскоро, рече Силва за време на преносот во живо на Инстаграм.

Според „Ил Месаџеро“, ветеранот се надева дека ќе биде дел од Бразил за Светското првенство во 2022 година и затоа сака да остане на Стариот континент.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска