Стадионот на Борусија Дортмунд „Сигнал Идуна Парк“ со просечни 80.424 гледачи беше најпосетена европска арена во сезоната 2014/15.
Оваа бројка добива на тежина ако се знае дека Борусија зад себе имаше лоша сезона, посебно во есенскиот дел кога долго време беше на дното во Бундеслигата.
Зад навивачите на Борусија на листата најпосетени европски стадиони се најдоа „Камп Ноу“ (Барселона) со просечни 79.191, на третото место е „Олд Трафорд“ (Манчестер Јунајтед) со 75.335 гледачи, а во ТОП 5 се и „Алијанц арена“ (Баерн Минхен“ – 72.882 и „Сантијаго Бернабеу“ (Реал Мадрид) со 72.618 гледачи исполнетост во просек по натпревар.