Шведска е новиот европски ракометен шампион откако во финалето на контиенталниот собир ја детронизираше Шпанија победувајќи ја во финалето со 27-26. За селекцијата на Шведска ова е петта европска титула, Шпанците не успеаја да врзат серија од три последовни титули.
Натпреварот беше израмнет во целиот тек, во првото полувреме Шведска постојано имаше водство, но во ниту еден момент тоа не беше повисоко од два гола разлика. Пред самиот крај на првиот дел Шпанија направи пресврт и со предност од 13-12 замина на одморот.
? The winning goal for @hlandslaget ??, by Niclas Ekberg#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/GUy2qxNVCz
— EHF EURO (@EHFEURO) January 30, 2022
Во второто полувреме Шпанија десетина минути го одржуваше водството, а потоа Швеѓаните повторно ја преземаа предност. Во финишот при резултат 26-26, Кањељас не успеа да реализира напад, а во последните секунди направи и пенал, па Егберг со удар од седум метри донесе победа на Шведска од 27-26.
Егберг и Бергендал со по пет гола беа најефикасни во составот на Шведска, за Шпанија, Абељо постигна шест, Серано пет.