Репрезентацијата на Шведска избори учество на Светското фудбалско првенство во Русија 2018 година. Швеѓаните синоќа во Милано одиграа нерешено 0:0 против Италија и со вкупни 1:0 одат на Мундијалот.
Италија која е четирикратен светски првак првпат по 60 години нема да биде дел од планетарен собир на најдобрите фудбалски селекции. Последен пат тоа се случи во далечната 1958 година.
На реваншот од плеј-офот синоќа на „Сан Сиро“, Италијанците се обидуваа да ја пробијат цврстата шведска одбрана, но и покрај неколкуте шанси, не постигнаа гол. Последната убава можност им пропадна во самиот финиш кога резервниот играч Стефан Ел Шарави биеше за малку крај голот.
Се обидуваа домаќините на крајот и со голманот Џанлуиџи Буфон во нападот, но останаа без посакуваниот погодок.
Вечер во последниот бараж за СП од Европската зона во Даблин играат Ирска и Данска (0:0 прв дуел).