Младата машка репрезентација на Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство за ракометари до 20 години, што се одржува во Данска.
Избраниците на селекторот Александар Јовиќ со трите порази (од Норвешка 27-24, Данска 23-18 и Холандија 33-30) во првата фаза завршија како четврто пласирани во Ц групата.
Така црвено-жолтите заедно со селекцијата на Холандија која беше трето рангирана ќе вкрстат со трето и четврто пласираните репрезентации од Д групата, Унгарија и Шведска во вториот круг од шампионатот односно натпреварите за пласман од 9 до 16 место.
Денеска е слободен ден на првенството, а утре македонските младинци ќе играат против Шведска, додека во среда противник ќе им биде селекцијата на Унгарија.