Бастијан Швајнштајгер освои 92 гласови од вкупно 527 германски новинари кои учествуваа во изборот за најдобар играч и најдобар тренер во Бундес лигата.
На второто место се пласира клупскиот другар на Швајнштајгер од Баерн Минхен, францускиот интернационалец Франк Рибери кој доби 87 гласа.
Томас Милер, исто така од баварскиот клуб и шампион на Германија со 85 гласови го освои третото место.
Најдобриот играч на Борусија Дортмунд, напаѓачот Роберт Левандовски доби 55 гласа, доволни за четвртата позиција.
Во изборот за најдобар тренер во Бундес лигата убедливо победи тренерот на Баерн, Јуп Хајкенс кој со својот клуб минатата сезона освои се што можеше да се освои. За Хајкенс гласаа 383 новинари.