Германскиот репрезентативец Бастијан Швајнштајгер поради повредата на лигаментите на левото колена ќе го пропушти стартот на новата сезона во Бундес лигата и натпреварите на германскиот национален тим во септември.
Во петок Баерн ја почнува одбраната на титулата во германската лига, а ривал ќе им биде Волфсбург. Претседателот на „баварците“ Карл-Хајнц Румениге ги потврди навестувањата дека Швајнштајгер ќе отсустува, но нема тоа да биде една или две недели, туку подолго.
Тоа значи дека играчот ќе го пропушти и пријателскиот дуел „репризата “ на последното финале од Светско првенство меѓу Германија и Аргентина, како и првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година на Германија. Противник на актуелниот светски шампион Германија на 7 септември е селекцијата на Шкотска.