Швајцарија трет противник на ракометарите за пласман на ЕП

Од:

Репрезентацијата на Швајцарија, покрај Шпанија и Португалија, ќе и биде противник на македонската ракометна репрезентација, во квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2014 година ќе се одржи во Данска.

Швајцарците во претквалификациите го освоија првото место во конкуренција на Италија, Грција и Велика Британија.

Покрај Швајцарија, пласман во квалификациите изборија уште Романија, Турција и Украина.

Македонија токму против Швајцарија ќе го одигра првиот меч во квалификациите, мечот ќе се доигра во Скопје на 31. октомври или 1. ноември.

Составот на седумте квалификациски групи изгледа вака:

Група 1: Македонија, Шпанија, Португалија, Швајцарија
Група 2: Германија, Чешка, Црна Гора, Израел
Група 3: Франција, Норвешка, Литванија, Турција
Група 4: Хрватска, Унгарија, Словачка, Летонија
Група 5: Полска, Шведска, Холандија, Украина
Група 6: Исланд, Словенија, Белорусија, Романија
Група 7: Србија, Австрија, Русија, БиХ

Данска како домаќин и актуелен европски првак директно се пласира на ЕП, каде низ квалификациите пласман ќе изборат по две репрезентации од секоја група и најдобрата третопласирана репрезентација.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ