Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години го освои четвртото место на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Шопрон, Унгарија.
Избраниците на селекторот Тони Симиќ, попладнево загубија од Швајцарија со 53:71 во дуелот за третото место.
Ова беше втор пораз за Македонците од швајцарската селекција во Шопрон, претходно загубија во групната фаза.
Вечерва се игра финалето во кое ќе се соочат Унгарија и Белорусија.