Шундовски поднесе оставка

Од:

Звонко Шундовски денеска преку соопштение до медиумите поднесе оставка од селекторската функција во македонската ракометна федерација.

– Поднесувам неотповиклива оставка на селекторската функција на ракометната репрезентација на Македонија. Одлуката ја носам исклучиво во интерес на репрезентацијата. Селекторската функција ја прифатив во периодот откако им беше понудена на стратези со поголемо портфолио од моето.

– Јас верував во оваа генерација. Со селекцијата која ја направив исклучиво со македонски играчи и македонски стручен штаб со која го освоив 5.место на ЕУРО 2012, се вели во образложението на оставката на Шундовски.

Тој нагласува дека селекторската функција ја извршувал за симболичен надомест, со голема љубов и желбата за промоција на државата во Европа и светот.

– Кога се работи за својата земја, не постојат бариери и кочници и ние како репрезентација комплетно вложувајќи се многупати се надминувавме себеси, стои во соопштението од досегашниот македонски селектор.

Шундовски е задоволен од постигнатото во текот на неговиот мандат на клупата на репрезентацијата.

– Горд сум на успесите кои заедно ги направивме, а Македонија ја направивме релевантен фактор во европскиот и светскиот ракомет. На македонската репрезентација во иднина и посакувам многу повеќе успеси и спортски радости, завршува Шундовски.

Директен повод за заминувањето на Шундовски од селекторското место е необезбедувањето четвртфинале на Светското првенство кое се одржува во Шпанија.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП