Шундовски од Нова година ќе може да смета на целиот состав

Од:

Македонската ракометна репрезентација утре ќе го има првиот собир од подготовките за настапот на Светското првенство кое од 11. до 27. јануари се игра во Шпанија, но ќе биде некомплетна.

Од вкупно 20 повикани ракометари, селекторот Звонко Шундовски ќе може да смета на 17 ракометари, со оглед на тоа што поради клупски обврски се очекува капитенот Кирил Лазаров да се приклучи во недела, додека голманот на Ловќен, Златко Даскаловски од сабота ќе се стави на располагање на тимот.

Поради настапите во Бундес лигата, пак, првиот голман Борко Ристовски на репрезентативните подготовки ќе се приклучи на 30. декември, по што од Нова Година Шундовски дефинитивно ќе може да смета на целиот состав.

По утрешниот прв тренинг предвиден од 18 часот во СРЦ „Кале“, македонската селекција веќе во петок заминува за Пореч, Хрватска, каде ќе се остане до 30. декември. Како што спомнавме претходно, Лазаров и Даскаловски ќе се приклучат директно во Пореч, додека Ристовски по враќањето на експедицијата во Скопје. За време на подготовките во Пореч планирано е одигрување и на пријателски натпревар со селекцијата на Саудиска Арабија која исто така е учесник на престојното Светско првенство.

Македонија пред шампионатот ќе одигра уште два пријателски натпревари, против Србија и Египет, на 4., односно 5. јануари во Ниш.

Нашата репрезентацијата на СП 2013 ќе игра во групата Б, која се игра во Севиља, заедно со селекциите на Данска, Исланд, Катар, Русија и Чиле.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ