Шундовски го објави списокот за квалификациските натпревари за пласман на ЕП

Од:

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Звонко Шундовски, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство, со Швајцарија и Португалија.

Шундовски повика 21 ракометар, најголем дел од нив се играчи на Метлург, 13, четворица настапуваат во странство, а исто толку се ракометари на Вардар Про.

Собирот на репрезентативците е на 28. октомври во 12 часот.

Голмани: Ристовски, Ангелов, Митревски.

Леви крила: Манасков, Алушовски, Ојлески.

Десни крила: Темелков, Горгиевски, Златко Мојсовски.

Бекови: Кирил Лазаров, Левов, Наумче Мојсовски, Миркуловски, Ангеловски, Велко Марковски, Јоновски, Филип Лазаров, Мите Стоилов.

Кружни напаѓачи: Стојанче Стоилов, Ванчо Димовски, Никола Марковски.

Македонија на 31 октомври ќе ја пречека Швајцарија, а на 4 ноември ќе гостува во Португалија.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ