Штутгарт финалист во Купот на Германија

Од:

Фудбалерите на Штутгарт ќе играат во финалето на германскиот фудбалски куп, откако во полуфиналето на свој терен го победија Фрајбург со 2:1.

Головите за домаќините ги постигнаа Артур Бока (9.минута) и Мартин Харник (28), а за Фрајбург погоди Јан Розентал (13).

Противник на Штутгарт во куп-завршницата ќе биде Баерн Минхен кој во полуфиналето го елиминира Волфсбург со победата од 6:1.

Финалниот натпревар ќе се одигра на 1 јуни на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.

Со пласманот во финалето на купот, Штутгарт во следната сезона обезбеди учество во Лига Европа, бидејќи екипата на Баерн веќе се пласира во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска