Дарко Каевски, директорот на Агенција за млади и спорт, заедно со Благој Бочварски, градоначалник на Општина Штип, денеска беа на увид на локацијата на која беше поставен камен темелник за изградба на нов, современ, затворен пливачки базен.
Агенција за млади и спорт го реализира едно од најголемите ветувања на владината програма и повеќегодишно барање и потреба на граѓаните од Штип. Базенот чини 38.696.642 милиони денари, а изградбата ќе трае 18 месеци.
Освен во Штип, во првата фаза, започна изградбата на шест затворени пливачки базени и во Тетово, Кичево, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Битола.