Штербик најдобар ракометар на светот за 2017 година

Од:

Голманот на Вардар, Арпад Штербик беше избран за најдобар ракометар на светот во 2017 година, од страна на специјализираниот ракометен сајт „handball-planet“.

Во гласањето беа вклучени 30 новинари од 27 земји, како и повеќе од 100.000 посетители на сајтот.

Зад Штербик е извонредна сезона со Вардар. Тој имаше голема заслуга за историската прва титула во Лигата на шампионите.

Покрај Штербик кој собра вкупно 89 бода во идеалниот тим влегоа: Уве Генсхајмер 82 бода (ПСЖ), Микел Хансен 71 (ПСЖ), Никола Карабатиќ 73 (ПСЖ), Недим Ремили 53 (ПСЖ), Виктор Томас 35 (Барселона), Бјарте Мирол 44 (Скјерн).

Најмногу гласови во изборот за најдобар одбранбен ракометар доби Лука Карабатиќ (40 бода) од ПСЖ. Втор во оваа категорија е Илија Абутовиќ од Вардар со 33 бода.

На вторите места во категориите лево крило и плејмејкер се најдоа Тимур Дибиров (41 бод), односно Лука Циндруиќ (62 бода).

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП