Штербик на запознавање во Скопје

Од:

Новото засилување на Вардар, голманот Арпад Штербик го имаше првото официјално запознавање со Скопје и екипата за која треба во иднина да настапува.

Актуелниот репрезентативец на Шпанија веќе неколку дена престојува во Скопје со цел да се запознае со условите, со салата во која ќе игра клубот, како и да види каде ќе биде сместен со семејството.

Најголемата ѕвезда во Вардар, има доста пријатели во Скопје со кои во минатото одржувал врски, а сега и лично беше со сите на кафе муабет.

Штербик е дел од новите засилувања на Вардар каде се уште и Лацковиќ, Горбок и Шишкарев.

Вардар в година ќе го брани трофејот во СЕХА лигата и домашниот Куп.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ