Шлиренцауер најуспешен во Инсбрук

Од:

Австрискиот ски-скокач Грегор Шлиренцауер победи на денешното натпреварување во Инсбрук. Тој во двете серии имаше скокови со должина од 131,5 и 123 метри и собра 253,7 поени.

Со овој резултат тој го презеде и водството на 61. издание на „Новогодишната турнеја четири скокалници“, бидејќи победникот на првите две скокалници Андерс Јакобсен од Норвешка беше седмопласиран.

На второто место се пласира Камил Штох од Полска, а трет беше  Андерс Бардал од Норвешка.

Во генералниот пласман Шлиренцауер е лидер со 708 бодови, пред Германецот Зеверин Фронјд – 556 и Бардал –  430.

На Новогодишната турнеја Шлиренцауер води со 827,5 поени, а втор е Јакобсен, со 816,8.

На 6 јануари в недела во Бишофсхофен ќе се одржат скоковите од последната скокалница од Новогодишната турнеја 2013.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски