Шпанија противник на Белгија во полуфиналето на ЕП за кошаркарки

Од:

Кошаркарките на Шпанија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство што се одржува во Чешка. Тие вечерва во четвртфиналето ја победија Летонија со 67:47.

Во полуфиналето во сабота Шпанија ќе игра против Белгија, која забележа победа од 79:66.

Во тек е последниот четвртфинале дуел меѓу Франција и Словачка. Победникот од овој натпревар во второто полуфинале ќе игра против Грција, која со 84:55 ја совлада Турција.

Би можело да ве интересира

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!

Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Ниту Јокиќ не е доволен – Италијанците ги „нокаутираа“ првите фаворити Србија!

Црногорците преку Грузија со осминафинален билет на Евробаскет

Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осминафиналето на Евробаскет

Заврши Евробаскетот за Адам Ханга