Шпанија – Грција прва четвртфинална двојка на Евробаскет 2015

Од:

На Европското кошаркарско првенство 2015 познат е првиот пар за четвртфиналната фаза. Селекцијата на Шпанија вечерва во Лил ја победи Полска убедливо со 80:66 и за противник ја доби Грција која денеска во осминафиналето беше подобра од Белгија со 75:54.

Шпанците на дуелот со Полска влегоа како апсолутни фаворити, а тоа го потврдија во првите десет минути кога поведоа со 25:20. Сепак полските кошаркари резултатски се вратија во втората четвртина и по 19:16 на полувреме се отиде само со два позитива за Шпанија (41:39).

Во второто полувреме Полска во неколку наврати дури беше и во водство, но не издржа па во последната четвртина постигна само 11 поени наспроти 25 на Шпанците.

Вечерва од 21 часот се игра последниот денешен дуел од 1/8финалето меѓу домаќинот Франција и репрезентацијата на Турција.

Победникот од овој дуел за противник ќе ја има Летонија која денеска ја победи Словенија со 73:66.

Другите четири осминафинални натпревари се играат утре:
Хрватска – Чешка,
Србија – Финска,
Израел – Италија,
Литванија – Грузија.

Би можело да ве интересира

Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2015, Гасол прогласен за МВП

Ана Ололовска

Шпанија нов европски шампион во кошарка

Емир Латифовиќ

Повторно соборен рекордот по број на гледачи на Евробаскетот

Ана Ололовска

Шпанија прв финалист на Евробаскет

Ана Ололовска

Евробаскет: Литванија по продолжение до победата над Италија

Ана Ололовска

Франција противник на Шпанија во полуфиналето на Евробаскетот

Ана Ололовска