Репрезентациите учеснички на Светското првенство ги играат последните контролни натпревари пред настапот на најголемиот светски фудбалски собир, а во два од нив доцна синоќа Шпанија славеше победа против Салвадор, додека Англија одигра само нерешено со Хондурас.
Во Вашингтон Шпанците до победата дојдоа со двата гола на Давид Виља постигнати во 61. и 88. минута.
Мајами беше домаќин на средбата Англија – Хондурас која заврши 0:0. Овој натпревар во 23. минута беше прекинат поради големото невреме изразено со силни грмотевици, а по 40-минутна пауза се подобрија временските услови и играта продолжи. Англија од 65.минута играше со фудбалер повеќе, но и тоа не и помогна да забележи победа.
Резултати на другите синоќешни пријателски натпревари: Унгарија – Казахстан 3:0, Аргентина – Словенија 2:0, Белгија – Тунис 1:0 и САД – Нигерија 2:1.