Двојната светска шампионка во скок во височина, Бланка Влашиќ, ќе се повлече од светското првенство во атлетика во Москва, кое ќе се одржи од 10 до 18 август.
– По митингот на дијамантската лига во Монако, почувствував болка во нозете, а ситуацијата не се подобри на наредните натпревари. Тоа е јасен знак дека морам да престанам додека не се опоравам целосно – пишува во соопштението, и се додава дека учеството на СП ќе биде преголем ризик.
Влашиќ освои златен медал на првенствата во 2007 и 2009 година, а на Олимпијадата во Пекинг 2008 беше втора, доека во Лондон се повлече поради повреда на скочниот зглоб и тетивата.