Шкупи е елиминиран од Глазгов Ренџерс во првото квалификациско коло за Лига Европа (ЛЕ).
Македонскиот клуб по поразот од 2:0 на гостувањето во Шкотска, денеска одигра реми без голови на реваншот во Скопје.
Иако кај фудбалерите на Шкупи имаше желба за победа и покажаа исклучителна борбеност, тоа не беше доволно да се постигне пресврт и да му се приреди изненадување на фаворизираниот противник.
Шкупи успеа неколкупати да се закани кон голот на Ренџерс, но недостигаше реализација.
По двата натпревари со македонскиот преставник, тимот на Стивен Џерард се пласираше во второто квалификациско коло од ова натпреварување