Кошаркарскиот клуб Шкупи ќе биде организатор на завршниот турнир од првенството во генерацијата до 18 години (М18) во машка конкуренција.
Покрај домаќинот на завршниот турнир ќе настапат и екипите на МЗТ Скопје Аеродром, Работнички и Вардар.
Сите натпревари ќе бидат одиграни во спортската сала „Шабан Трстена“. Полуфиналните натпревари ќе бидат одиграни на 5 јуни, додека финалниот натпревар како и натпреварот за трето место ќе се одиграат ден подоцна, на 6 јуни.
Двојки за полуфиналето:
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром
Вардар – Шкупи.