Шкрињар и Конте казнети по мечот со Сасуоло

Од:

Дисциплинската комисија го казни со забрана од 3 натпревари дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар и со 1 натпревар тренерот Антонио Конте по вчерашниот натпревар со Сасуоло.

Шкрињар беше избркан во дополнителното време, откако доби два жолти картони и според тоа нема да може да учествува во следниот натпревар на неговиот тим. Сепак, острата реакција на дефанзивецот му донесе уште 2 натпревари, како и парична казна од 10.000 евра.

Тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте го доби своето петто официјално предупредување и Комисијата донесе одлука дека тој не може да го води својот тим на следниот натпревар против Парма.

Играчот од средниот ред на Сампдорија, Јакуб Јанкто, исто така, ќе го пропушти следниот натпревар на неговиот тим, откако го доби својот петти жолт картон во сезоната на натпреварот против Рома.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска