Македонскиот вице-првак Шкендија се пласира во второто квалификациско коло за Лига Европа.
Откако на првиот меч одигран пред седум дена во Струмица тетовската екипа го совладаа молдавскиот претставник Дачија со 3-0, денеска Шкендија беше и поубедлива победувајќи со 4-0.
На меч кој се играше во Кишињев, стрелци на головите за Шкендија беа: Арменд Алими (32 минута), Стенио Жуниор (44), Арбин Зејнулаи (81) и Ферхан Хасани (90) од пенал.
Потсетување дека попладнево и останатите два македонски тима во Лига Европа, Работнички и Пелистер ги играат реванш дуелите против Тре Пене од Сан Марино и Леш Познањ од Полска.