Двете македонски екипи, Шкендија и Работнички, кои го поминаа првото коло, попладнево ќе ги одиграат првите средби од второто квалификациско коло во Лига Европа.
Македонските претставници ќе бидат домаќини и дуелите ќе ги почнат во ист термин.
Работнички на теренот „Петар Милошески“ крај ФФМ го пречекува белоруски тим Динамо Минск.
Шкендија на стадионот „Младост“ во Струмица ќе биде домаќин на ХЈК, Хелсинки од Финска.
Почетокот на двете средби е во 18 часот.