Шифрин со 17 година стана светска шампионка

Од:

Младата Американка Микаела Шифрин е победничка во последната трка во женска конкуренција која денеска се возеше во дисциплината слалом на Светското првенство во австрискиот зимски центар Шладминг.

mikaela-shifrinШифрин е една од трите скијачки во светот кои на 17-годишна возраст  успеале да освојат злато на слаломска трка на Светско првенство.

Времето на победничката по двете трки изнесуваше 1:39.85.

Шифрин по првото возење беше трета, но со одлична втора трка се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Домашната натпреварувачка Михаела Кирхгасер со 22 стотинки заостанување се пласира на второто место и е носителка на сребрениот медал.

На подиумот место имаше и за освојувачката на бронзениот медал, третопласираната Фрида Хансдотер (Шведска) која за 26 стоти делови од секундата беше поспора од Шифрин.

Хансдотер не успеа да го повтори возењето од првата трка по која беше водечка.

Светското првенство во Шладминг завршува утре со последната трка во машка конкуренција во дисциплината слалом.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски