Украинецот Андриј Шевченко кој своевремено го носеше дресот на Милан е потенцијален наследник на Алегри јавуваат медиумите во Италија.
Претседателот на „росо-нерите“ Силвио Берлускони ја разгледувал кандидатурата Шевченко да го превземе првиот тим.
Освен за овој екс фудбалер на Милан, шанси за седнување на тренерското место се даваат и на Филипо Инзаги, Кларенс Сидорф и Џенаро Гатузо.
Овие пишувања станаа интересни кај италијанската спортска јавност по денешната изјава на Берлускони дека Алегри по завршување на сезоната заминува на клупата на Рома.
– Алегри ќе биде тренер на Рома. Официјално соопштение ќе добиете по последниот дуел од Серија А против Сиена, рече сопственикот на Милан.
Дали ова ќе се оствари или е уште една од шегите на Берлускони ќе се дознае в недела по гостувањето на Милан во Сиена.