Шест играчи го напуштаат Ренџерс

Од:

Шест играчи ќе го напуштат Ренџерс за време на летната пауза, потврди клубот. Играчот од средниот ред Енди Холидеј, дефанзивецот Џон Фланаган и голманот Вес Фодерингем, кои се во составот на „сините“, веќе нема да играат на „Иброкс“. Џордан Роситер, Џејсон Холт и Џек Алнвик, кои беа префрлени во други тимови минатата кампања, исто така се разделуваат со 54-кратниот шкотски шампион.

– Им оддавам почит на сите што ја напуштаат екипата на крајот на сезоната. Нашата работа продолжува секој ден, ние се подготвуваме за новиот шампионат, изјави менаџерот на „сините“, Стивен Џерард.

Дваесет и осум-годишниот Холидеј заминува по 152 натпревари и 18 голови за Ренџерс, додека 27-годишниот Фланаган го загуби стартното место во јануари и ќе бара развој на кариерата во друг клуб. Голманот Фодингем има 143 натпревари како стартер за екипата на Глазгов од 2015 година.

„Сините“ останаа на второто место по последниот пласман во Премиер лигата по прекинувањето на сезоната во Шкотска.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска