16-годишниот Ванер стана најмладиот дебитант на Баерн во Бундеслигата

Од:

Германскиот фудбалер Пол Ванер стана најмладиот играч на клубот на натпревар од Бундеслигата. Тој синоќа со 16 години и 15 дена дебитира за баварскиот гигант на средбата со Борусија Менхенгладбах во натпреварот од 18. коло на шампионатот во Германија.

Ванер во игра влезе во 75. минута но не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот (1:2).

Претходно, најмлад фудбалер на Баерн на меч од Бундеслигата беше Џамал ​​Мусиала со 17 години и 115 дена.

Ванер оваа сезона одигра 17 натпревари за младинскиот тим на Баерн Минхен, постигна три гола и три асистенции.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска